Силекс броеше до шест на стартот на сезоната против Башкими!

by 24 фудбал
1 минути читање

Силекс со убедлив триумф ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен го декласира Башкими со 6-0 во натпревар од првото коло.

Кратовци уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и поведоа во третата минута преку Дарко Илиевски. Само пет минути подоцна гостите си постигнаа автогол, а Мирза Делимеѓац со одличен погодок во 30. минута зголеми на 3-0, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме Силекс не го намали ритамот. Нихад Шеро погоди за 4-0 во 62. минута, а Хасукич и Манојлов со голови во 75. и 76. минута го поставија конечниот резултат.

Башкими, кој настапи со значително подмладен состав, немаше одговор на играта на домаќинот, па Силекс заслужено ги освои првите три бода во новата сезона со убедлива победа од 6-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×