11
Искусниот полски голман Лукаш Фабијански стави крај на својата професионална кариера, откако на 41-годишна возраст реши да се повлече од активното играње фудбал.
Фабијански зад себе остава богата кариера, најголемиот дел од која ја мина во Премиер лигата. Во Англија пристигна во 2007 година од Легија Варшава, кога потпиша за Арсенал, а подоцна беше прв голман и на Свонси.
Последните осум години ги помина во Вест Хем, каде беше еден од најстандардните и најискусните фудбалери во тимот.
Полјакот ја завршува кариерата со 400 настапи во Премиер лигата, а за репрезентацијата на Полска бранеше 57 пати во период од 15 години.