9
Трагедија го одбележа продолжувањето на реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“, откако денеска животот го загуби еден градежен работник.
Според информациите од шпанските медиуми, станува збор за 54-годишен работник кој се здобил со тешки повреди при несреќа на градилиштето, по што им подлегнал на повредите.
Ова е прв смртен случај од почетокот на реконструкцијата на легендарниот стадион на Барселона, проект кој стартуваше во 2023 година.
Работите на „Камп Ноу“ продолжуваат, а според актуелниот план, целосната реконструкција на стадионот треба да биде завршена до април 2027 година.