Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски отвори ново поглавје во својата кариера и за првпат ќе настапува во Азија, откако и официјално беше претставен како нов фудбалер на индонезискиот Бајангкара.
Напаѓачот по една сезона во чешки Бохемианс реши да прифати нов предизвик и кариерата да ја продолжи во индонезискиот шампионат.
За Ристовски ова ќе биде прв трансфер во овој дел од светот, откако претходно настапуваше во Македонија, Хрватска, Словачка, Словенија и Чешка. Во својата кариера беше дел од Работнички, Ријека, Нитра, Спартак Трнава, Кршко и Бохемианс.
Македонскиот репрезентативец досега има 40 настапи во националниот тим, а сега ќе се обиде да остави силен впечаток и во индонезискиот фудбал.