ФИФА, врз основа на гласовите на навивачите, го избра идеалниот тим на Светското првенство. Во него се најдоа по тројца репрезентативци на Шпанија и Франција, двајца Аргентинци, како и по еден фудбалер од Англија, Норвешка и Зеленортските Острови.
Шпанија, која ја освои светската титула, во идеалниот состав има тројца свои претставници, бековите Педро Поро и Марк Кукуреља, како и најдобриот фудбалер на Мундијалот, Родри.
Со ист број претставници е и Франција. Во тимот се најдоа Дајо Упамекано, Олисе и најдобриот стрелец на турнирот Килијан Мбапе.
Аргентина ја претставуваат стоперот Лисандро Мартинез и капитенот Лионел Меси, а идеалниот состав го комплетираат Џуд Белингем од Англија, Ерлинг Халанд од Норвешка и голманот Возиња од Зеленортските Острови.
Токму искусниот чувар на мрежата е најголемото изненадување во изборот. Возиња блескаше на натпреварите против финалистите Шпанија и Аргентина, иако неговата репрезентација беше елиминирана уште во шеснаестфиналето.
Многумина очекуваа признанието за најдобар голман на турнирот да му припадне на Емилијано Мартинез или Унаи Симон, но ФИФА се одлучи да го награди Возиња и да го вклучи во идеалниот тим на Светското првенство.
