Аргентинската „единица“ размислува дали ќе остане во репрезентацијата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентина сè уште ги собира впечатоците по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, а голманот Емилијано Мартинез призна дека сериозно размислува за својата иднина во националниот тим.

Два дена по завршувањето на Мундијалот, 33-годишниот чувар на мрежата се огласи на социјалните мрежи и откри дека тешко го поднесува пропуштениот сон за нова светска титула, притоа навестувајќи дека е можно да стави крај на репрезентативната кариера.

Сонував повторно да ја освоиме титулата, сонував повторно да ја вратиме во Аргентина и уште еднаш да испишеме историја. Искрено, оваа болка е тешко да се опише. Имам многу работи за кои треба да размислам, како понатаму и дали дојде време да се повлечам. Жал ми е, навистина дадов сè од себе за да им помогнам на мојата земја и на соиграчите“, напиша Мартинез.

Иако Аргентина го загуби финалето, Мартинез беше еден од ретките поединци кои одиграа на високо ниво и со своите интервенции спречи поубедлив пораз.

Досега има 67 настапи за аргентинската репрезентација и беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на светската титула во Катар во 2022 година. Во својата колекција ги има и признанието за најдобар голман на Светското првенство во 2022 година, како и трофејот „Лав Јашин“ за најдобар светски голман за 2023 и 2024 година.

Мартинез од 2020 година е член на Астон Вила, со која има договор до 2029 година, но според најавите од Италија, Јувентус сериозно размислува да го ангажира уште во текот на овој преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×