На секое Светско првенство има фудбалери кои блеснуваат и стануваат херои, но има и такви од кои се очекувало многу повеќе.
Со вторите сега се занимаваше американскиот „ЕСПН“, кој состави анти-идеален состав на Мундијалот, односно тим на играчи кои најмногу разочарале на најголемата фудбалска сцена.
Во формација 4-3-3, во „разочарувачките 11“ се најдоа:
Голман:
Фернандо Муслера (Уругвај)
Одбрана:
Џошуа Кимих (Германија)
Вирџил ван Дајк (Холандија)
Марк Геји (Англија)
Нико О’Рајли (Англија)
Среден ред:
Федерико Валверде (Уругвај)
Скот Мектоминеј (Шкотска)
Бруно Фернандеш (Португалија)
Напад:
Флоријан Вирц (Германија)
Кристијан Пулишиќ (САД)
Нејмар (Бразил)
Според изборот на „ЕСПН“, овие фудбалери не успеале да ги оправдаат очекувањата и оставиле многу послаб впечаток од оној што се очекуваше од нив пред почетокот на турнирот.