Аргентина вчера беше поразена од Шпанија со 1-0 во финалето на Мундијалот, па така и Меси во своето трето финале во кариерата не успеа да дојде до втората титула.
Меси призна дека разочарувањето по загубеното финале е огромно, но истовремено истакна дека е горд на генерацијата која успеа да стигне до две последователни финалиња на Светските првенства.
„Болката е огромна и ќе биде потребно време оваа рана да заздрави. Но, ќе ги паметам и сите убави моменти… Натпреварите во кои се враќавме од негатива, оставајќи сѐ на теренот, ќе останат засекогаш во нашите сеќавања. Поддршката од целата земја, заедно со трудот и посветеноста на оваа група, нѐ доведе повторно да бидеме меѓу најдобрите во светот. Денес е тешко да се вреднува тоа што го направивме, но оваа генерација стигна до две последователни финалиња на Светско првенство“, напиша капитенот на Аргентина.
Во продолжение, Меси им се заблагодари на навивачите за огромната поддршка што повторно ја обедини целата нација.
„Од срце ви благодарам за секоја честитка и секоја порака. Уште еднаш покажавме дека можеме да бидеме обединети како држава и сите заедно да ја споделуваме неизмерната гордост што сме Аргентинци“, порача Меси.
На крајот од својата објава, аргентинската ѕвезда покажа големина и во поразот, испраќајќи честитка до новиот светски шампион.
„Сакам да ѝ честитам и на Шпанија за освоената светска титула.“
Со оглед на тоа дека Меси веќе има 39 години вчерашниот натпревар за него веројатно беше и последен на мундијалите.