Трамп дури сега го пофали Меси за настапот во првото коло: Тешко е да се дадат три гола во вашиот спорт

by Стефан
1 минути читање

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати пофалби за Лионел Меси во пресрет на финалето на Светското првенство, во кое утревечер од 21 часот ќе се соочат Аргентина и Шпанија.

„Сите можеме да видиме колку е добар Меси. Постигна три гола на еден натпревар, а тоа е навистина реткост во вашиот спорт“, им изјави Трамп на новинарите кои го следат Мундијалот.

Иако има 39 години, Меси игра во извонредна форма и е еден од најзаслужните што Аргентина стигна до финалето. Капитенот на „гаучосите“ досега има учинок од осум голови и четири асистенции на седум натпревари. Хет-трикот што го спомена Трамп го постигна уште на отворањето на турнирот, кога Аргентина со 3:0 го совлада Алжир.

Трамп, ќе потсетиме предизвика контроверзии за време на Светското првенство кое се одржува во Соединетите Американски Држави. Откако Фоларин Балогун, најдобриот стрелец на американската репрезентација, заработи црвен картон во победата од 2:0 против Босна и Херцеговина во шеснаесетфиналето, американскиот претседател телефонски стапил во контакт со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барајќи исклучувањето да биде поништено за напаѓачот да може да настапи против Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×