Винчиќ не можеше да ги сокрие емоциите кога му кажаа дека ќе го суди финалето на СП (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Словенечкиот судија Славко Винчиќ е избран да го суди финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија.

Винчиќ не успеа да ги сокрие емоциите, плачеше кога дозна дека тој е избраниот. Одлуката му ја соопшти претседателот на судиската комисија на ФИФА, легендарниот Пјерулиџи Колина.

„Кога ми кажаа дека сум избран, прво бев во шок, а потоа пресреќен. Почнав да се тресам. Да се суди финале на Светско првенство е неверојатна чест. Ова е сон за секој судија. Неизмерно сум горд на себе, на мојот тим и што можам да ја претставувам Словенија на најголемиот спортски настан во свето“, изјави емотивниот Винчиќ.

Ова ќе биде круна на кариерата на Винчиќ, тој претходно го судеше финалето од Лигата на шампионите во 2024, финалето од Лига Европа во 2022. Има судено полуфинале на Европско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×