Атлетико Мадрид повторно ќе биде најзастапениот клуб во финалето на Светското првенство, откако дури девет негови фудбалери ќе настапат во неделниот дуел меѓу Аргентина и Шпанија.
Иако „јорганџиите“ останаа без трофеј во изминатата сезона, губејќи во финалето на Купот на Шпанија и испаѓајќи во полуфиналето од Лигата на шампионите, нивните играчи ќе имаат главна улога во битката за светската титула.
Во составот на Аргентина се наоѓаат Хуан Мусо, Џулијано Симеоне, Науел Молина, Тијаго Алмада и Хулијан Алварез, додека за Шпанија ќе настапат Маркос Љоренте, Марк Пубил, Алекс Баена и Алехандро Грималдо, кој ова лето пристигна во Атлетико.
Дополнително, мадридскиот клуб испишува уште едно интересно достигнување, бидејќи третпат по ред ќе биде тимот со најмногу свои фудбалери во финалето на Светското првенство. Истото му успеа и на Мундијалите во Русија во 2018 година и Катар во 2022 година.