Лудница на улиците во Буенос Аирес, еве како се славеше пласманот во уште едно финале (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Улиците на аргентинската престолнина повторно беа преплавени со еуфорија по вчерашната победа на Аргентина над Англија со 2-1 до која Аргентинците стигнаа со два гола во финишот.

Илјадници навивачи се собраа на најголемиот градски плоштад славејќи ја големата победа и пласманот во уште едно, второ во низа мундијалско финале во кое ќе ја бранат титула.

Финалето на програмата е в недела во терминот од 21:00 часот по средноевропско време и во него Аргентина ќе игра против Шпанија која претходно ја елиминираше Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×