Томас Тухел е на само две победи од историски успех со англиската репрезентација на Светското првенство.
Германскиот стратег има можност да стане само третиот тренер во историјата кој успеал да ги освои и Лигата на шампионите и Светското првенство. Пред него тоа им успеа само на Марчело Липи и Висенте дел Боске. Тухел веќе го освои европскиот клупски трон со Челси во 2021 година.
Дополнително, доколку Англија стигне до светската титула, Тухел ќе стане првиот странец кој како селектор ја освоил најголемата фудбалска награда.
За да го испише своето име во историјата, Англија најпрво ќе мора да ја елиминира Аргентина во полуфиналето, а потоа да биде подобра и од победникот од дуелот меѓу Франција и Шпанија.