Закана за Меси од Англичаните: Ќе го испратиме на спиење и ќе ги победиме!

by Стефан
1 минути читање

Колку и да звучи неверојатно, Лионел Меси никогаш досега во својата богата кариера не одиграл натпревар против Англија.

Полуфиналето на Светското првенство ќе биде негов прв дуел со „Гордиот Албион“, а атмосферата веќе се вжештува со изјавите од англискиот табор.

„Ова ќе биде првпат Меси да игра против Англија? Добро, ќе го испратиме на спиење“, изјави самоуверено поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол.

Тој додаде дека е убеденн во успех на Англија.

„Уште сега ви кажувам, ќе играме во финалето на Светското првенство. Имаме многу брзи фудбалери кои можат да им создадат проблеми на Аргентинците и ќе ги победиме. Едноставно го чувствувам тоа“, порача Кол.

Интересно е што Аргентина во полуфиналето за првпат на овој Мундијал ќе се соочи со репрезентација која се наоѓа во Топ 10 на најновата ФИФА ранг-листа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×