Сенегал остана без селектор по елиминацијата од Светското првенство, откако Фудбалската федерација официјално ја прекина соработката со Папе Тиав.
Репрезентацијата беше многу блиску до место во осминафиналето, но испушти водство од 2-0 против Белгија во самиот финиш, пред да биде поразена со 3-2 по продолженијата.
Тиав ја предводеше селекцијата од 2024 година, а во текот на мандатот се најде во центарот на вниманието и по контроверзното финале на Африканскиот куп на нации, кога ги повлече своите фудбалери од теренот поради незадоволство од судењето. Иако Сенегал тогаш ја освои титулата на теренот, Африканската фудбалска конфедерација подоцна му го одзеде трофејот и го додели на Мароко.
Според француските медиуми, најсериозен кандидат за нов селектор е Патрик Виеира, кој во тренерската кариера ги водеше Њујорк Сити, Ница, Кристал Палас, Стразбур и Џенова.