Дали е ова шанса за Македонија? Инфантино е фан на ново проширување на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското првенство во иднина би можело да брои дури 64 репрезентации, откри претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој најави дека по завршувањето на актуелниот Мундијал ќе се отвори дискусија за ново проширување на турнирот.

Првиот човек на светскиот фудбал смета дека воведувањето на форматот со 48 селекции се покажало како целосен успех.

Ова е стопроцентен успех. Секоја репрезентација играше на високо ниво. Селекции од сите континенти постигнуваа голови и освоија најмалку по еден бод. Девет од десет африкански репрезентации стигнаа до нокаут фазата. Тоа покажува колку е важно да им се даде шанса на сите. Тоа е прашање кое сигурно ќе биде разгледано и ќе се дискутира во надлежните тела по Светското првенство. Нашата цел е Мундијалот да биде турнир за целиот свет, а не само за Европа и Јужна Америка. Секоја држава треба да има право да сонува дека може да се пласира на Светско првенство“, порача Инфантино.

Македонија вторпат во низа играше бараж, а за очекување е ново проширување да донесе поголеми шанси за пласман на големата сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×