Почина човекот поради кого беа воведени жолтите и црвените картони на натпреварите

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина на 89-годишна возраст, соопшти Фудбалската федерација на Аргентина.

Легендарниот играч од средниот ред остави длабока трага во аргентинскиот фудбал, особено носејќи го дресот на Бока јуниорс, а еден инцидент во кој учествуваше засекогаш ги промени правилата на фудбалската игра.

Ратин за Аргентина настапуваше на Светското првенство во Англија во 1966 година, каде што беше капитен на тимот.

Во четвртфиналниот натпревар против домаќинот Англија, кој Аргентина го загуби со 1:0, германскиот судија Рудолф Крајтлајн му покажа црвен картон и го исклучи од игра. Ратин неколку минути одбиваше да го напушти теренот на „Вембли“, а подоцна тврдеше дека не ја разбрал одлуката на судијата бидејќи тој не зборувал шпански јазик.

Токму оваа ситуација ја натера ФИФА на следното Светско првенство да воведе жолти и црвени картони, со цел да се избегнат јазични недоразбирања меѓу судиите и фудбалерите.

Ратин целата своја играчка кариера, од 1956 до 1970 година, ја помина во дресот на Бока јуниорс, со која освои четири титули шампион на Аргентина.

На почетокот од 1980-тите кратко се испроба и како тренер, а подоцна се посвети на политиката. Беше избран и за пратеник во долниот дом на аргентинскиот парламент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×