Родри играше со рака, еве зошто немаше пенал за Белгија (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанија се пласира во полуфиналето на Светското првенство, но натпреварот против Белгија го одбележа спорна судиска одлука во второто полувреме.

Во 62. минута, при резултат 1-1, Родри играше со рака во сопствениот шеснаесетник, по што Белгијците бараа пенал, но судијата Мајкл Оливер веднаш покажа играта да продолжи, а немаше ниту ВАР-интервенција.

Според правилата, одлуката била исправна бидејќи топката претходно го погодила Родри по допир од негов соиграч, па во таква ситуација не се досудува играње со рака. Исклучок има само ако по таков контакт веднаш биде постигнат гол, што не беше случај. Шпанија на крајот победи со 2-1 и избори полуфинале против Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×