Норвешка ќе ја предизвика Англија, европска пречка за Аргентинците за полуфинале на СП

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското првенство денес ги добива последните два полуфиналисти, откако на програмата се преостанатите четвртфинални натпревари.

Први на терен ќе излезат Англија и Норвешка (23:00 часот), во дуел во кој фаворитската улога е на страната на избраниците на Томас Тухел. Англичаните ќе атакуваат на ново полуфинале, додека Норвешка го игра најголемиот натпревар во својата мундијалска историја и ќе се надева дека предводена од Ерлинг Халанд може да приреди уште едно големо изненадување.

Неколку часа подоцна, од 03:00 часот, актуелниот светски шампион Аргентина ќе се соочи со Швајцарија. „Гаучосите“ се во серија без пораз на Светските првенства и важат за фаворити, но Швајцарците предводени од Гранит Џака ќе се обидат да го сопрат патот на тимот на Лионел Скалони кон одбраната на титулата.

Победниците од овие два натпревари ќе обезбедат место во полуфиналето, каде што ќе се соочат меѓусебно во борбата за финалето на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×