ФИФА започна со продажба на необичен сувенир поврзан со Светското првенство. Навивачите можат да купат оригинално парче од тревната подлога на стадионот „МетЛајф“, каде ќе се игра финалето на Мундијалот.
За ваков спомен треба да се издвојат 450 долари. Тревата е запечатена во проѕирен акрилен блок, а секој купувач ќе добие и сертификат за автентичност во видео-форма, зачуван на УСБ.
Нарачаните примероци ќе бидат испратени по завршувањето на финалниот натпревар, а во моментов продажбата е ограничена само за купувачи од Европа и САД.
Продажбата на тревникот предизвика големо внимание, особено затоа што се случува во време кога ФИФА е критикувана поради екстремно скапите билети за финалето на Светското првенство. Исто така огромни критики пристигнаа и за паузите за хидратација кои всушност се користат за рекламни блокови.