Шкендија „пукна петарда“ на Гибралтар против Европа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шкендија со убедлива победа од 5:0 над Европа од Гибралтар направи огромен чекор кон следната рунда, практично решавајќи го прашањето околу патникот понатаму уште по првиот натпревар.

Тетовскиот состав од самиот почеток ја оправда фаворитската улога и целосно го контролираше случувањата на теренот, домаќините ниту еднаш посериозно не се заканија.

Резултатот беше отворен преку Нзенгуе во 28-та минута, а веднаш по паузата, во 52. минута, Фабрис Тамба го зголеми водството. Истиот фудбалер повторно беше прецизен во 75. минута за веќе 3:0.

Во 83. минута првенец во дресот на Шкендија постигна летното засилување од Косово, Алмир Криезиу, од кого клубот има големи очекувања во новата сезона. Конечните 5:0 ги постави искусниот Бесарт Ибраими, кој се запиша во листата на стрелците пет минути подоцна.

Реваншот во Тетово на програмата е за седум дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×