Падна договор за второто засилување на Милан, пари ќе има и за Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Милан и Лацио си подале рака за трансфер на Марио Хила во зделка вредна околу 30 милиони евра, половина од оваа сума ќе заврши во касата на Реал Мадрид.

Повеќе нема дилеми, Марио Хила ќе биде второто засилување за Рубен Аморим во Милан.

Голем број на извори попладнево објавија дека „росонерите“ си подале рака со Лацио за зделка вредна околу 30 милиони евра (27-28 милиони евра како фиксен дел, плус бонуси), а се огласи и добро упатениот Фабрицио Романо со своето „Here we go!“.

Од оваа зделка добро ќе се офајди и Реал Мадрид, на кого му следуваат 50%, или околу 15 милиони евра.

„Кралевите“ ова лето убаво ќе заработат од фудбалери врз кои имаат контрола, односно 20 милиони евра од трансферот на Виктор Муњоз во Ливерпул, 15 милиони евра од трансферот на Алваро Родригез во Борнмут и 60 милиони евра од продажбата на Нико Паз во Комо.

Ако се придодаде и сумата од 15 милиони евра од продажбата на Марио Хила во Милан, се стигнува до бројката од 110 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×