Роналдо направи тензична атмосфера пред дуелот со Шпанија, предизвика новинар (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо направи по малку тензична атмосфера на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот меѓу Португалија и Шпанија на Светското првенство.

Португалската ѕвезда јавно го прозва бразилскиот новинар Марсело Бехлер Мачадо, кој работи за телевизијата „ТНТ“, тврдејќи дека не му е наклонет и го повика директно да му постави прашање.

„Го предизвикувам господинот таму да ми постави прашање, бидејќи знам дека не ме сака. Баш ме интересира дали ќе постави добро прашање“, изјави Роналдо, покажувајќи кон новинарот.

Бразилскиот новинар реагираше смирено и со почит:

„Кристијано, како сте? Навистина многу ве ценам и ми е чест што разговарам со вас. Би сакал да ве прашам што е најтешко да се игра на Светско првенство на 41-годишна возраст?“

Сепак, Роналдо остана на својот став и продолжи во остар тон.

„Најтешко е да разговарам со вас и со некои како вас, особено со оние кои не ме сакаат и ти си еден од нив, тоа го знам. Добро ги паметам лицата. Доволно ми е еднаш да видам некого и никогаш не го заборавам“, одговори португалскиот ас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×