Официјално: Милан го потврди најскапото засилување во историјата!

by 24 фудбал
0 минути читање

Милан го реализираше најголемиот трансфер во својата историја. Италијанскиот гигант и официјално го претстави Гонсало Рамош како ново засилување, откако постигна договор со ПСЖ.

Португалскиот напаѓач пристигнува на „Сан Сиро“ во трансфер вреден 74 милиони евра, а со бонусите сумата може да биде и поголема. Со ова Рамош стана најскапото засилување во историјата на Милан, кој со овој потег испрати јасна порака дека има големи амбиции за новата сезона.

Португалецот доаѓа од ПСЖ, каде настапуваше по трансферот од Бенфика, а сега ќе има задача да го предводи нападот на „росонерите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×