Милан со помош на Мендеш договори уште едно засилување

by bojan
1 минути читање
Антонио Силва од Бенфика ќе биде второто засилување за Милан ова лето

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан е на добар пат да го ангажира дефанзивецот на Бенфика, Антонио Силва.

Милан почна да го крои тимот по мерка на Рубен Аморим и договори рекорден трансфер на Гонсало Рамош вреден околу 70 милиони евра.

Се говори дека агентот Жорж Мендеш одиграл клучна улога за комплетирање на оваа зделка, а очигледно тој ќе биде главниот играч на „росонерите“ на трансфер пазарот ова лето.

Последните информации велат дека со помош на Жорж Мендеш, Милан сега договорил уште едно засилување – Андре Силва од Бенфика.

Клубот од Сан Сиро за брзо време начелно постигнал договор со дефанзивецот за петгодишна соработка и плата од околу 3 милиони евра.

На Бенфика и е доставен предлог вреден околу 20 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси, и се верува дека ова ќе биде доволно за популарните „орли“ да дадат зелено светло.

Откако ќе се комплетираа оваа зделка, Милан ќе се насочи кон други цели, и повторно во фокусот ќе бидат играчи под капата на Жорж Мендеш – Франсиско Тринкао од Спортинг и Марк Касадо од Барселона.

ФОТО: X/SL Benfica

Можно е и ова да ти се допаѓа

×