„Росонерите“ оваа недела го договорија трансферот на Гонсало Рамош од ПСЖ, а планот е ова лето да донесат барем уште четири засилувања.
Милан почна да го гради тимот по мерка на Рубен Аморим, реши да го одврзе ќесето и да го направи Гонсало Рамош најскапото засилување во својата историја, вредно околу 70 милиони евра.
Но ова е само почеток, раководството на клубот има намера да му ги исполни и другите желби на португалскиот стратег и да му обезбеди состав што ќе може да се бори за највисоки цели.
Следниот чекор е ангажман на уште четири квалитетни фудбалери, Аморим сака нов стопер, нов офанзивен лев бек, фудбалер од средниот ред, и офанзивен играч за врска, кој ќе биде конкуренција и поддршка за Пулишиќ и Нкунку во формацијата 3-4-2-1.
Неколку имиња се посочуваат кога е во прашање офанзивниот играч од редот за врска, Милан ги следи Педро Гонсалвеш и Тринкао од Спортинг Лисабон, но и младиот босански талент Керим Алајбеговиќ, кој изминативе денови доби пофалби и од Златан Ибрахимовиќ. Сепак, реализацијата на овие трансфери нема да биде лесна поради високите цени и силната конкуренција.
Мортен Хјулманд од Спортинг се посочува како опција за засилување на средниот ред, Данецот има откупна клаузула од 80 милиони евра, но се говори за џентлменски договор според кој ќе може да замине на половина цена.
Покрај новите засилувања, една од главните задачи на Рубен Аморим ќе биде да ги задржи и клучните играчи, Мајк Мањан и Адриен Рабио се сметаат за незаменливи делови од проектот, и тренерот веќе разговарал со нив, како и со Страхиња Павловиќ.