Се појавуваат нови детали за трансферот на Гонсало Рамош во Милан, последните информации велат дека „росонерите“ ќе платат преку 70 милиони евра за ангажман на напаѓачот.
Вчера беше објавено дека Милан ќе го собори сопствениот трансфер рекорд за да го ангажира Гонсало Рамош од ПСЖ како засилување за нападот.
До овој момент, Рафаел Леао за 49,5 милиони евра, е најголемата инвестиција на „росонерите“, па во прв момент се говореше дека зделката за Гонсало Рамош е нешто над 50 милиони евра, или околу 55 милиони евра.
Но сега се појавуваат информации кои велат дека бројките ќе бидат многу поголеми, околу 70 милиони евра, а според некои извори и до 80 милиони евра.
Џанлука Ди Марцио од Скај Спорт Италија вели дека се работи за зделка од 65 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Добро упатениот Фабрицио Романо исто така објави дека трансферот ќе биде преку 70 милиони евра, со оглед на тоа што има неколку лесно остварливи бонуси.
Новинарот Бен Џејкобс пак пренесе дека зделката ќе биде 75 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Ова се прилично високи бројки, за напаѓач кој има просечни партии во ПСЖ и никако не успева да се наметне во првиот тим на „светците“.
Минатата сезона, тој постигна само 6 гола во Лига 1, а вкупно постигна 12 во сите натпреварувања.