Како што пренесува новинарот Џејмс Хорнкасл, Милан и ПСЖ си подале рака за трансфер на напаѓачот Гонсало Рамош.
Гонзало Рамош ќе биде првото засилување во ерата на Рубен Аморим на клупата на Милан.
Португалскиот стратег добро го познава напаѓачот, го означил како свој прв избор за позицијата класична „деветка“ па „росонерите“ му ја исполниле желбата.
Како што објави новинарот Џејмс Хорнкасл од Атлетик, Милан постигнал договор со ПСЖ за ангажман на Португалецот, кој ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот.
Бројки не се откриваат, но за голгетерот да биде најскапо засилување на Милан, сумата ќе треба да биде преку 50 милиони евра.
Џејмс Хорнкасл додава дека со оваа зделка, Милан сака да испрати јасна порака за своите амбиции во новата сезона.