Парагвајскиот коментатор Хорхе Вера остана без акредитација за остатокот од Светското првенство, откако во директен пренос жестоко ги нападна судијата Иван Бартон и ФИФА.
Инцидентот се случи на натпреварот меѓу Парагвај и Турција, кога Мигел Алмирон доби црвен картон поради покривање на устата за време на расправија со противнички фудбалер. Разочаран од одлуката, Вера во преносот упати серија навреди кон судијата и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Поради ваквото однесување, ФИФА му ја одзеде акредитацијата до крајот на турнирот. Телевизијата за која работи побара преиспитување на казната, оценувајќи дека санкцијата е престрога бидејќи станува збор за прв прекршок.
Во меѓувреме, Вера јавно се извини за своите зборови и призна дека ја преминал границата.
„Изговорив тешки зборови и лично ги нападнав судијата и функционерите на ФИФА, за што искрено жалам. Емоциите ме понесоа и преземам целосна одговорност за грешката“, порача парагвајскиот коментатор.