Легендата на Панама: Кај нас четири или пет играчи можат да живеат од фудбалот, сите останати мора да работат…

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Панама, Хулио Сезар Дели Валдес, пред дуелот со Хрватска на Светското првенство отворено проговори за состојбата во панамскиот фудбал и посочи дека земјата и натаму има сериозни структурни проблеми.

Поранешниот напаѓач на ПСЖ, Овиедо и Малага смета дека Панама направила голем напредок во последните децении, но дека домашниот фудбал сè уште не е доволно професионализиран.

Во лигата само четворица или петмина можат да живеат од фудбал. Сите останати мораат да работат. Има напредок во однос на минатото, но сè уште ни недостигаат многу работи. Недостигаат терени, услови за работа и подобра едукација на тренерите во младинските категории. Мораме повеќе да вложуваме во развојот на младите играчи ако сакаме дополнително да напредуваме“, изјави Дели Валдес.

Легендарниот Панамец се осврна и на поразот од Гана во првото коло, нагласувајќи дека неговата репрезентација покажала добар пристап, но не знаела како да го сочува резултатот во клучните моменти.

Тимот покажа добра идеја во играта и желба преку поседот на топката да го контролира натпреварот. Но ни недостигаше искуство кога требаше да го зачуваме резултатот. Ако веќе не можевме да победиме, не смеевме да загубиме“, порача Дели Валдес.

Панама вечерва ќе се соочи со Хрватска во натпревар во кој ќе се обиде да стигне до првата победа во својата историја на светските првенства.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×