Врач од Гана кој се пофали дека предизвикал повреда на Роналдо сега порачува: Работам на Хари Кејн, нема да заигра

by Стефан
1 минути читање

Ганскиот врач Нана Кваку Бонсам најави дека ќе фрли клетва врз капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн во пресрет на натпреварот на овие две селекции на Светското првенство што ќе се игра во вторник.

Англија се надева дека со победа над Гана ќе обезбеди пласман во нокаут-фазата, но Бонсам тврди дека со своите моќи ќе го запре Кејн, кој постигна два гола во победата против Хрватска.

Бонсам, кој претходно ја презеде одговорноста за повредата на коленото на Кристијано Роналдо на Светското првенство во 2014 година, во изјава за „Дејли стар“ порача:

„Работам на Хари Кејн. Веќе покажав на што сум способен, па знам што треба да направам за да го запрам. Познат сум по моите предвидувања. Не сакам да му нанесам сериозна повреда. Доволно е само да го запрам против мојата земја. Ќе ја завршам мојата работа за да ѝ помогнам на Гана“, додаде тој.

Бонсам тврди дека неговите моќи потекнуваат од светилиштето Кофи Оо Кофи и себеси се нарекува „единствениот автентичен човек на Африка“.

Говорејќи во 2014 година, кога Роналдо го пропушти натпреварот на Португалија против Гана, Бонсам изјави:

„Знам што се случува со повредата на Кристијано Роналдо, јас работам на него. Многу сум сериозен во врска со тоа. Пред четири месеци реков дека сериозно ќе се зафатам со Кристијано Роналдо и ќе го исфрлам од Светското првенство или барем ќе го спречам да игра против Гана. Најдоброто што можам да го направам е да го задржам надвор од теренот поради повреда.“ Оваа повреда не може да ја излечи ниту еден лекар. Тие никогаш не можат да видат што ја предизвикува бидејќи е од духовна природа. Денес е коленото, утре бутот, задутре нешто трето“, изјави тогаш Бонсам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×