Роналдињо му се врати на фудбалот, потпиша за италијански тим!

by riste
1 минути читање

Бразилската фудбалска легенда прави шокантен камбек, Роналдињо повторно ќе ги облече копачките и ќе игра фудбал.

Роналдињо потпиша за Равена која се натпреварува во Серија Ц и има амбиции да влезе во втората лига.

Роналдињо ја заврши професионалната кариера пред повеќе од една деценија, а последен клуб за кој настапуваше беше Флуминенсе во 2015 година. Сепак, неговата љубов кон фудбалот очигледно не згаснала, па сега е подготвен за нов предизвик во Италија.

Бразилецот има 46 години, па мистерија е во каква форма ќе игра за Равена.

Тој важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, двапати ја освојуваше Златната топка, најславните денови ги имаше во Барселона, а во Европа играше и за ПСЖ и Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×