6
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров го постигна својот прв гол во сениорскиот дрес на Црвена Звезда.
Фудбалерот за врска беше стрелец во победата на Црвена Звезда во пријателската средба со Јединство од Ужице (5-0). Македонецот го даде последниот гол за поставување на конечниот резултат, откако украде топка во шеснаесетникот и убаво пласираше крај голманот.
Инаку, Гаштаров во пролетната полусезона настапуваше како позајмен во редовите на Борац Чачак, меѓутоа се врати во Белград и ќе се обиде да се докаже.