Вардар го потврди терминот за домашниот дуел со Купс во квалификациите за ЛШ!

by 24 фудбал
0 минути читање

Вардар ги дозна деталите за европскиот предизвик што го очекува на стартот од новата сезона во квалификациите за Лигата на шампионите. Најтрофејниот македонски клуб во првото претколо ќе се соочи со финскиот шампион Купс, а првиот натпревар ќе се игра во Скопје.

„Црвено-црните“ ќе бидат домаќини на 7 јули на Националната арена „Тодор Проески“, а почетокот на средбата е закажан за 19:00 часот.

Реваншот ќе се одигра една седмица подоцна во Финска, кога ќе биде познат и патникот во следната рунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×