Анри без „влакна на јазикот“ удри по Роналдо: Тимот треба да даде гол, а не ти (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Тиери Анри не ги штедеше критиките на адреса на Кристијано Роналдо по разочарувачкото отворање на Светското првенство за Португалија. Легендарниот француски напаѓач посочи ситуација во која, според него, желбата на Роналдо да дојде гол ја чинело неговата репрезентација можна победа против Конго (1-1).

Португалија не успеа да стигне до посакуваниот старт на шампионатот во Хјустон, а Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието. Иако влезе во историјата како највозрасен фудбалер во поле што започнал натпревар на Светско првенство, на возраст од 41 година и 132 дена, дел од јавноста смета дека личниот учинок го ставил пред интересот на тимот.

Говорејќи по натпреварот, Анри јасно го изнесе своето мислење.

„Една работа е најважна, луѓе, тимот треба да даде гол, а не ти“, изјави поранешниот француски репрезентативец.

Според него, движењето на Роналдо во нападот во одредени моменти им отежнувало на неговите соиграчи да создадат простор и да ја пробијат цврстата одбрана на Конго. Анри особено се осврна на една акција во второто полувреме во која учествуваа Жоао Кансело и Бруно Фернандеш, сметајќи дека токму тогаш Португалија пропуштила одлична можност да стигне до погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×