233
Англија рано дојде во водство на дербито против Хрватска, Англичаните поведоа со гол од пенал на Хари Кејн.
Прекршок за најстрога казна направи Лука Модриќ кој несмасно го удри Мадуеке. Судијата Турпан покажа на белата точка.
Кејн го промаши шутот, Ливаковиќ одбрани. Но, пеналот беше преновен поради тоа што хрватски фудбалери прерано влегоа во шеснаесетникот.
Напаѓачот на Англија не погреши од вторпат, Кејн погоди за водство од 1-0.