Аматерска работа во Челси: Чаби Алонсо за продажбата на Кукуреља дознал како сите нас

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид оваа недела го комплетираше трансферот на Марк Кукуреља од Челси во зделка вредна околу 60 милиони евра, а како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Чаби Алонсо не знаел дека „сините“ преговараат за продажба на левиот бек.

Кога Челси го именуваше Чаби Алонсо за нов предводник, во соопштението стоеше дека Шпанецот ќе биде „менаџер“ а не „тренер“, односно дека тој ќе има збор и при трансфер политиката на клубот.

Но медиумите од Шпанија сега пишуваат дека „сините“ кикснале уште на стартот и Чаби Алонсо немал поим дека се преговара за продажба на Марк Кукуреља.

За трансферот на левиот бек во Реал Мадрид, тој дознал како сите нас, кога новинарот Фабрицио Романо излезе со неговото фамозно „Here we go!“

„Кралевите“ го договорија Марк Кукуреља за 48 часа, во петокот вечерта била доставена понуда и започнати преговори, Жозе Мурињо во саботата разговарал со фудбалерот и му го објаснил проектот, за левиот бек во неделата наутро да каже ДА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×