Меси му „украде“ рекорд на Роналдо уште на стартот на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси уште еднаш покажа дека уште е еден од најдобрите фудбалери во светот. Аргентинецот блесна во победата над Алжир (3-0), постигнувајќи три гола и испишувајќи новa страницa во историјата на Светските првенства.

Со хет-трикот, Меси стигна до бројката од 16 погодоци на мундијалите и се израмни со Мирослав Клосе на врвот на вечната листа на стрелци. Следниот гол ќе му донесе самостојно прво место, освен ако во меѓувреме Килиан Мбапе не го надмине неговиот учинок.

Аргентинската ѕвезда постави и уште еден рекорд. На само неколку дена пред својот 39. роденден, Меси стана највозрасниот фудбалер кој постигнал хет-трик на натпревар од Светско првенство.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Кристијано Роналдо, кој трипати стрелаше против Шпанија на Мундијалот во 2018 година. Сепак, Португалецот уште не настапил на овој шампионат, па ова е ветување дека двајцата најдобри фудбалери на денешницата ќе имаат голема меѓусебна голгетерска битка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×