Невидена ситуација: Ги помеша репрезентациите на СП, па беше казнет од телевизијата (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Турската телевизија ТРТ го отстрани коментаторот Мурат Екрем Чимен од тимот што го следи Светското првенство, откако направи голем гаф за време на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд.

Искусниот новинар на почетокот од мечот ги помеша репрезентациите и неколку минути погрешно ги коментираше случувањата на теренот. Грешката беше исправена дури кога во кадар се појавил Мехди Тареми.

По бројните реакции од јавноста, ТРТ се извини на гледачите и соопшти дека пропустот е неприфатлив. Телевизијата потврди дека Чимен е повлечен од коментаторскиот тим на Мундијалот и дека се покренати внатрешни постапки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×