16
Македонскиот шампион Вардар го доби противникот за првото коло од квалификациите во најелитното европско натпреварување, „црвено-црните“ ќе се сретнат со Купс од Финска.
Попладнево во Нион беше одржаната ждрепката за Лигата на шампиони, а нашиот претставник Вардар беше споен со Купс од Финска.
Првиот натпревар ќе се игра на 7/8 јули во Скопје, додека пак реваншот е на 14/15 јули во Куопио.
Можеби Купс не е звучно име, но противникот во никој случај не треба да се потценува, минатата сезона играше група фаза во Конференциска лига, стигна и до плеј-оф рундата.
Во корист им оди и тоа што сезоната во Финска е во полн ек, па нивната физичка подготвеност ќе биде на повисоко ниво.