Натпреварот меѓу Саудиска Арабија и Уругвај (1-1) на Светското првенство привлече внимание не само поради случувањата на теренот, туку и поради необична сцена пред почетокот на дуелот.
ФИФА беше принудена да ја измени вообичаената церемонија со националните знамиња, кои на овој Мундијал редовно се поставуваат на тревникот пред почетокот на натпреварите. По барање на Саудиска Арабија, нивното знаме не смееше да ја допира подлогата, бидејќи според строгите правила во земјата националното знаме не смее да биде поставено на земја.
Поради тоа, редари го држеа саудиското знаме затегнато во воздух за време на церемонијата. За да нема разлика во третманот на двете репрезентации, истата постапка беше применета и со знамето на Уругвај.
Така, ФИФА направи исклучок од стандардниот протокол и ја приспособи церемонијата на барањето на саудиската делегација.