Ден за промени во Шкендија: Пристигна Бразилец, а заминаа двајца од Тетово

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија продолжува со кадровските промени во пресрет на новата сезона. Тетовскиот клуб денеска го промовираше Бразилецот Рафаел де Силва како ново засилување, а воедно потврди и разделба со Ибрахим Алхасан и Лиридон Љатифи.

26-годишниот играч за врска пристигнува од албанска Тирана, каде минатата сезона одигра 32 натпревари и постигна четири гола. Пред настапите во Албанија, Рафаел беше дел од португалски Лешоеш.

По заминувањето на Лиридон Љатифи, Шкендија потврди дека клубот го напушта и Алхасан, кому му истече договорот по крајот на сезоната.

Нигерискиот фудбалер помина две години во Тетово, период во кој освои шампионска титула и беше дел од историскиот настап на Шкендија во Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×