237
Откако претходно УЕФА го скрати списокот на потенцијални противници на Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите, европската куќа на фудбалот ги објави и можните ривали на македонските претставници во Конференциската лига.
Македонскиот фудбал во ова натпреварување ќе го претставуваат Шкендија и Силекс, кои денеска ќе го очекуваат исходот од ждрепката во Нион.
Тетовска Шкендија може да се сретне со Малишева, УНА Штрасен, Пенибонт, Рунавик или Номе Каљу, додека кратовски Силекс за противник ќе добие еден: Астана, Пјуник, Динамо Минск, Дила Гори или Ескалдес.
Ждрепката за новата европска сезона е закажана за денеска во седиштето на УЕФА во Нион и ќе започне во 18:00 часот.