УЕФА го скрати списокот: Ова се можните противници на Вардар во квалификациите за ЛШ

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот шампион Вардар наскоро ќе ја започне европската авантура во квалификациите за Лигата на шампионите, а веќе се познати и потенцијалните ривали во првото квалификациско коло.

„Црвено-црните“ ќе го стартуваат настапот од оваа фаза, а во ждрепката можат да се соочат со Шамрок од Ирска, Купс од Финска, Рига од Летонија, Флора од Естонија, Ларне од Северна Ирска или ТНС од Велс.

Вардар последен пат настапуваше во квалификациите за елитното европско натпреварување во 2017 година. Тогаш скопскиот клуб беше елиминиран од Копенхаген во третото квалификациско коло, но европската приказна продолжи во Лига Европа, каде што со две победи против Фенербахче обезбеди историски пласман во групната фаза.

Минатата сезона Вардар беше дел од квалификациите за Конференциската лига, каде што настапот го заврши во второто коло по елиминацијата од Лозана.

Првите натпревари од второто квалификациско коло се закажани за 7 и 8 јули, додека реваншите ќе се играат на 14 и 15 јули. Ждрепката ќе се одржи денеска од 16:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×