Шкендија за нов тренер избра поранешен репрезентативец на Македонија

by Стефан
1 минути читање

Вицешампионот на Македонија, Шкендија, го објави името на новиот тренер кој ќе го предводи тимот во претстојната сезона, како и составот на стручниот штаб.

Раководството на тетовскиот клуб одлучи довербата да му ја укаже на поранешниот капитен и некогашен македонски репрезентативец Артим Положани, кој е назначен за нов шеф на стручниот штаб.

Положани е добро познато име меѓу навивачите на Шкендија. Во два наврати го носеше дресот на клубот и остави значаен белег во неговата историја, а беше дел и од генерацијата која го освои трофејот во Купот на Македонија. Во текот на кариерата настапуваше и за Башкими, Македонија Ѓорче Петров и Вардар.

Надвор од Македонија собираше искуство во Албанија, Германија, Хрватска и Русија. За македонската репрезентација одигра 14 натпревари во периодот од 2007 до 2015 година.

Тренерската кариера ја започна во 2020 година во Партизани Тирана, по што работеше и во Балкани како асистент и главен тренер. Неговиот последен ангажман беше во Фљамуртари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×