Фудбалска еуфорија во САД: Рекордна гледаност за мечот со Парагвај

by 24 фудбал
1 минути читање

Немаат фудбалска традиција, ама овој спорт продолжува да добива на популарност во САД. Доказ за тоа е рекордната гледаност на натпреварот против Парагвај кој американската репрезентација го доби со убедливи 4-1.

Според објавените податоци, натпреварот достигнал пик од 18,86 милиони гледачи, што претставува најгледан пренос на американската репрезентација на англиски јазик досега.

Средбата меѓу Американците и Паргвајците била емитувана на неколку телевизиски канали, а најголемата гледаност е регистрирана помеѓу 22:45 и 23:00 часот по локално време.

Бројките покажуваат огромен раст на интересот за фудбалот во споредба со Светското првенство во Катар во 2022 година. Според „Фокс Спортс“, гледаноста е зголемена за 106 проценти во однос на натпреварот против Велс во групната фаза, кој тогаш го следеле 7,763 милиони гледачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×