Само во Јапонија: Навивачите ја преплавија улицата по голот за реми, а по точно 40 секунди се беше чисто (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Светот уште еднаш остана воодушевен од дисциплината и културата на јапонските навивачи. Откако фудбалската репрезентација на Јапонија успеа да освои бод со драматично реми од 2-2 против фаворизираната Холандија на отворањето на Светското првенство, улиците на Токио беа преплавени со еуфорија, но на препознатлив јапонски начин.

Се вееше јапонското знаме, се пееше и се скокаше, а атмосферата во тие моменти потсетуваше на прославите што можат да се видат во најголемите фудбалски градови ширум светот.

Сепак, токму продолжението на прославата привлече најголемо внимание на социјалните мрежи. Спонтаното навивачко славје на самата раскрсница траеше точно 40 секунди бидејќи тогаш се вклучи црвеното светло за пешачи, па сите навивачи веднаш ја ослбоодија раскрсницата без да чекаат никакво предупредување од надлежните служби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×