Неочекуван потег пристигнува од таборот на Тунис откако Фудбалската федерација одлучила да му врачи отказ на селекторот Сабри Ламуши веднаш по првиот натпревар на Светското првенство.
Тешкиот пораз од Шведска со убедливи 5-1 во воведното коло бил пресуден за раководството на федерацијата, кое по итен состанок донело едногласна одлука за разделба со 54-годишниот стратег.
Според локалните медиуми, селекцијата до крајот на Мундијалот ќе ја предводи досегашниот асистент Вахби Казри, додека како најсериозен кандидат за долгорочно решение по завршувањето на турнирот се споменува Мондхер Кебаир.
Ламуши беше назначен за селектор на Тунис во јануари годинава, но неговиот мандат траеше кратко. Под негово водство репрезентацијата одигра пет натпревари и забележа една победа, едно реми и три порази.
Отказ среде Светско првенство е исклучително редок случај во фудбалот, што дополнително ја прави оваа одлука една од најизненадувачките на турнирот.