Подготовките на Англија за Светското првенство се претворија во вистински хаос. Откако пред неколку дена останаа без дел од опремата по кражба, англиската експедиција сега се соочи и со силно невреме во САД.
По пристигнувањето во Мисури, репрезентативците и стручниот штаб добиле предупредување за можна појава на торнадо, поради што морале привремено да се засолнат. Според локалните информации, налетите на ветер достигнувале брзина до 128 километри на час, а делови од регионот останале и без електрична енергија.
Сепак, проблемите нема да влијаат на плановите на селекторот Томас Тухел. Англискиот стратег не предвидува промени во агендата и тренингот треба да се одржи според планираното.
Англија во среда го игра првиот натпревар на Мундијалот, кога за ривал ќе ја има Хрватска.