Али Адем кариерата ќе ја продолжи во Косово, откако официјално се пресели во редовите на Лапи.
Македонскиот играч за врска доаѓа во клубот од Македонија ЃП, каде што во изминатата сезона забележа 28 настапи и постигна три погодоци во сите натпреварувања. Лапи минатата сезона успеа да обезбеди опстанок во косовската елита, а раководството на клубот верува дека Адем ќе биде значајно засилување во средниот ред за претстојните предизвици.
Во текот на својата кариера Адем настапуваше за Вардар, Шкупи и Македонија ЃП, а има и интернационално искуство од Грција, каде ги носеше дресовите на Арис и Верија. Дел од кариерата мина и во Албанија како фудбалер на Фљамуртари.
Со овој трансфер, Адем отвора ново поглавје во кариерата и за првпат ќе настапува во косовскиот шампионат.